Марс би можел да доживее глобална појава на аурора оваа недела, откако огромен облак на наелектризирани честички од Сонцето е упатен кон Црвената планета, соопштија соларни научници.
На 14 мај се случи силна сончева ерупција од класата X2.7 — најсилна годинава — што предизвика и коронална масовна ерупција (CME), односно облак на супернаелектризирани честички кои се движат кон Марс. Според НАСА, овие честички ќе ја погодат атмосферата на Марс на 18 мај, што може да предизвика импресивна аурора. Земјата не е во „ударната зона“.
Во исто време, роверот Perseverance на НАСА за првпат откри зелена аурора на Марс, видлива со обични камери — историски момент, бидејќи досега аурори биле забележувани само во ултравиолетово светло од орбитата.
Аурорите на Марс се поразлични од оние на Земјата бидејќи Марс има слабо магнетно поле и ретка атмосфера. Наместо поларни светлини како на Земјата, на Марс целото ноќно небо може да засвети од ударот на сончевите честички.
Научниците успеале да ја предвидат аурората благодарение на силата на CME и со инструментите на Perseverance, како и со помош на орбиталните мисии MAVEN и Mars Express, го потврдиле феноменот.
Сето ова се случува додека Сонцето е на врвот на својот 11-годишен циклус, познат како соларен максимум, што значи дека вакви феномени може да станат сè почести.
Подготви: Ј. Ѓ.