ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Боливија: Истече рокот за регистрација за претседателските избори, спречена нова кандидатура на Моралес

May 21, 2025 09:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во Боливија вчера истече рокот за регистрација на кандидатите за претседателските избори, кои ќе се одржат во август, со што заврши обидот на поранешниот претседател Ево Моралес да се кандидира за четврти мандат.

Одлуката на Уставниот суд на Боливија минатата недела ја потврди забраната за служење повеќе од два претседателски мандати, спречувајќи го Моралес, политичка моќна фигура скоро две децении, повторно да се кандидира.

Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година и беше првиот претседател на Боливија со староседелско потекло, го оспори исклучувањето од изборите, а групите кои го поддржуваат организираа протести и блокади на сообраќајот.

– Борбата не е изгубена, ќе водиме правна и општествена битка, изјави Моралес за локалната радио станица Панамерикана. Движењето за социјализам, или МАС, на Моралес, кое доминираше во боливиската политика и ја зголеми застапеноста на староседелците во политиката во последниве години, на изборите на 17 август излегува како фрагментирана политичка сила, со најмалку три одделни фракции кои се натпреваруваат за претседател.

Едуарда дел Кастиља, поранешен министер за внатрешни работи, е поддржан од актуелниот претседател, поранешниот штитеник на Моралес, а сега ривал Луис Арсе. Претседателот на Сенатот, Андронико Родригез, ја регистрираше својата кандидатура, иако неговото учество чека судска одлука, додека Ева Копа, поранешна сенаторка од МАС и сегашна градоначалничка на Ел Алто, се регистрираше како кандидатка на новата партија Морена.

Вкупно 10 кандидати ќе се борат за претседател на Боливија, но аналитичарите предупредуваат дека е мала веројатноста победникот да биде избран во првиот круг, а уште помалку веројатно дека некој ќе освои двотретинско мнозинство во законодавната власт.

Уставниот суд на Боливија соопшти дека списокот на кандидати сè уште може да се промени. Оставки се можни до 45 дена пред изборите, додека замени поради неможност или трајна спреченост може да се случат до три дена пред денот на изборите.

Tags: Боливијапретседателските избори
Next Post
Трамп рејтинг

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk