Папата Лав Четиринаесетти денеска повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа.
„Го обновувам мојот апел да се дозволи влез на хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, истакна папата за време на аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим.
Тој рече дека ситуацијата во Појасот Газа станува сè позагрижувачка.