Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски за билатералната соработка и европскиот пат на Србија и на Украина.
Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека имал посебен разговор со Зеленски за соработката во форматот Украина-Југоисточна Европа.
„Добар и отворен разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Разговаравме за билатералната соработка, европскиот пат на Србија и Украина, а особено за соработката во форматот Украина – Југоисточна Европа“, напиша Вучиќ на Инстаграм.