ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

May 25, 2025 13:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Пијанистот Симон Трпчески, кој синоќа одржа концерт во Хорти Салустијани во Рим, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека од исклучителна важност е што Македонија секоја година се труди да биде присутна, да ги чествува просветителите и да покаже огромна почит за една од базичните работи – описменувањето.

-Многу ми е мило, ова ми е третпат како сум дел од оваа манифестација, веќе помина доста долго време од последниот пат, тоа беше со претседателот Борис Трајковски. Почестен сум за поканата и од државата и од Министерството за култура што имам повторно можност да ја претставам Македонија на една ваква важна манифестација, изјави Трпчески.

Како што јави известувачот на МИА од Рим, тој додаде дека сесловенските просветители ширеле исклучително значајна благородна мисија онака, како што рече, „како што и музиката тоа го прави“.

-Ние сме држава од каде што практично започнало описменувањето. Така што, од тој аспект, одговорноста е голема. Секоја година државата прави напори, а оваа година бев поканет да настапам, меѓу другото, да бидам претставен и со дел од ‘Македонисимо’. Мене ми импонира особено поради фактот за тоа што претставува самиот проект ‘Македонисимо’“, рече Трпчески.

За импозантната градба на Хорти Салустијани, каде што се одржа концертот, на кој присуствуваше македонската државно-црковна делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, претставници на дипломатскиот кор, на македонската заедница и голем број италијански граѓани, Трпчески рече дека таквото здание дополнително го инспирира.

-Рим е прекрасен град, многу ми е мило што првпат оваа година имам можност да дојдам во Хорти Салустијани, едно здание што датира од првиот век пред нашата ера, свето место, многу инспиративно, многу интимно, кое навистина доста ни помага на музичарите. Секогаш има некоја специфика и особеност кога просторот ни дозволува да ги рашириме погледите и визиите за интерпретациите во музиката и од тој аспект мислам дека и оваа интима, ваквиот простор ме доинспирира, рече Трпчески.

Според него, програмата што ја претстави, дел класична музика – Чајковски и Григ, дел од „Македонисимо“, беше прекрасно прифатена од публиката.

-Овој интимен дел се наполни и на многу искрен начин целата публика реагираше. Многу ми е мило што видов и членови на дипломатскиот кор, чест ми е што и претседателката и министерот за култура беа тука. Онака, како што би рекле ние, како што е редот да се направи почит за просветителите кои што оставиле голема трага, но и дополнителна одговорност за она како треба ние да продолжиме во иднина. Нека ова биде пример за понатаму, истакна виртуозот Симон Трпчески од Рим.

Tags: Кирил и МетодијРимСимон Трпчески
Next Post

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, за локалните избори најави соработка и со ДУИ и со „Влен“

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk