ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

May 26, 2025 12:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој според анализите е втор загадувач. На надзорната расправа се истакна дека  железничкиот транспорт не само што е економски најефикасен, туку има и најмали импликации врз загадувањето на воздухот, и Владата презема сет на мерки  во таа насока со цел да се набават еколошки модерни средства за јавен превоз и модернизација на железничкиот систем во државата, се наведува во владиното соопштение.

„Како Влада отпочнавме и веќе е во завршна фаза, преку Министерството за транспорт, објавување на јавна набавка преку која ќе бидат купени 120 електрични автобуси. Ценам дека тоа е многу важно не само за главниот град, туку и за останатите општини кои имаат организиран јавен градски превоз и истите пропорционално ќе бидат донирани од Владата, се разбира со целосна инфраструктура за полнење на тие автобуси.“, рече премиерот.

Тој дополни дека во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.

„За оние батериски системи, познати во струката како резервоари за полнење на електрична енергија, досега имаме царинска стапка од 15%, додека ЕУ има 2,7%. Со тоа автоматски секој оној кој сака да инвестира и да придонесе да имаме поздрава животна средина, плаќа многу повеќе од своите колеги во ЕУ. Има низа сетови на мерки во таа насока. Исто така тука се и изградбата на железничките коридори 10 и 8, каде за жал од страна на нашите соседи многу малку има внимание посветено на коридорот 8, но се надевам дека и тие набргу ќе бидат свесни дека коридорот треба да го задвижат во делот на железничката инфраструктура. Ние планираме модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Гостивар, модернизација и реконструкција на пругата од коридор 10 од Табановце до Гевгелија со изградба на нов колосек, што значи ќе имаме два колосека.  Работите се движат. Не може преку ноќ да ги завршиме сите работи кои со децении стоеле, но ценам дека во овие 11 месеци доста од работите се придвижија, заклучи.“, премиерот Мицкоски

Tags: електрични автобусиМицкоски
Next Post

Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште, вели Мицкоски

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk