Пишува: ЈАНИ МАКРАДУЛИ
– Наместо 250 евра субвенции за електронски уреди за секој студент, 3,6 милиони денари за бизнис класа, за министерот за култура и веселата дружина;
– Наместо странски инвестиции, поттикнување од 3,5 милиони евра на тазе отворена шивачница сместена во подрум;
– Наместо мерит систем, унапредување на судии од периметарот, ама оној домашниот;
– Наместо носење на реформски закони, промовирање на корупција каде трансферот од една партија во друга се наградува со функција;
– Наместо бугарското малцинство во Уставот, робусно отворање на фирми во Бугарија, секако од периметарот, ама оној истиот, домашниот;
– Наместо враќање на македонските умови, преговарање за мигрантски кампови;
– Наместо економски развој – молк кои компании добиле средства од унграскиот кредит, ако добил некој;
– Наместо користење на ЕУ грантови кои веќе се тука, кредити, де од исток, де од запад за затварање на диви депонии;
– Наместо Лидл за граѓаните, Лидл за зголемување на станбениот фонд;
– Наместо вложување во технологија на сензори и дронови за рано детектирање на пожари, забрани за движење низ шуми;
– Наместо независен гувернер, партиски послушник кој треба да го крие јавниот долг;
Затоа…
Наместо лидерска, интерпелација…