ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе ја разгледува иницијативата на Арсовска за ДУП за Градска четврт С3 16 во Ѓорче Петров

May 28, 2025 10:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска ќе расправа по иницијативата на Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, која ја оспорува одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, наведувајќи дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото.

Во иницијативата се наведува дека завршната одредба од оспорената одлука за донесување на ДУП во која е уредено дека стапува во сила со денот на донесувањето, а ќе се  објави во Службен гласник на Општина Ѓорче Петров, е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото и на одредбите од Законот за локалната самоуправа и Статутот на Општина Ѓорче Петров од причина што Уставот определува објавување на прописот како услов за влегување во сила. Меѓу другото, се наведува дека оспорената одлука не е објавена на веб-страницата на Општината што ја прави формално-правно невалидна и спротивна на Законот за урбанистичко планирање.

Според подносителот на иницијативата, донесениот ДУП поради непочитување на законската постапка и неприфаќањето на мислењата од стручните лица, како и без позитивно мислење од Град Скопје не е во согласност со ГУП на Град Скопје 2012-2022 при што реализација на истиот може да предизвика еколошка и безбедносна закана за жителите на град Скопје.

Понатаму се наведува дека оспорениот ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров има промена на намена и регулација со што не е во согласност со процедурите и законите и предвидува изградба на 2 проценти повеќе од максимално дозволеното со закон.

Оттука, подносителот смета дека со предимензионирањето на висините на градбите и додавање на производни капацитети од хемиската индустрија загрозена е една од темелните вредности на Уставот – уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата.

Меѓу другите иницијативи на дневниот ред од 11. седница Оливер Давидовски од Скопје ја оспорува законитоста на член 13 став 2 од Законот за извршување, тврдејќи дека е спротивен на владеењето на правото и правната сигурност. Здравко Тумбовски ги оспорува членови 115, 116 и 117 од Законот за пензиското и инвалидско осигурување, наведувајќи дека го ограничуваат правото на пензионерите и се спротивни на Уставот.

Ѓорѓи Андов го оспорува членот кој предвидува дека каматата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината, тврдејќи дека е спротивен на уставно гарантираното право на сопственост.

Игорчо Точев го оспорува делот од Законот за градежни производи кој упатува на примена на одредба која не е дел од правниот промет во Република Северна Македонија. Точев ја оспорува и одредбата од Општиот колективен договор за јавниот сектор, тврдејќи дека предизвикува правна несигурност.

Филип Стојковски ја оспорува листата на стоматолошки услуги со минимални цени, тврдејќи дека е спротивна на членот 9 од Уставот кој предвидува еднаквост на сите граѓани.

Повеќе детали за дневниот ред и иницијативите може да прочитате тука.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пад на американската економија во првиот квартал од 2025, прво намалување во изминатите три години

May 29, 2025

Оклахома во големото финалето на НБА-лигата, ги чека Индијана или Њујорк

May 29, 2025

Лукаревска до Кочоска: Дали најавеното учество на британски фирми значи суспендирање на Законот за јавни набавки?

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бочварски: Со новиот долг од 6 милијарди евра ќе стигнеме до критична точка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија најбогата на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk