Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бара Јавното Обвинителство да постапи итно во обезбедување на докази од Општина Чаир, бидејќи, како што вели, „имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите таму активно се уништуваат докази“.
– Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по ДОПРЕН ГЛАС или кривична пријава. До сега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција. Апелирам, Јавното обвинителство да се одважи за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, наведува во објава на Фејсбук, градоначалничката Арсовска.
„Во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон ГРАДЕНИ СЕГА, А НЕ ВО 2011 ГОДИНА, без или со фалсификувани документи. Во овие објекти живеат илјадници граѓани чиј живот е во постојана опасност бидејќи тие објекти немаат соодветна документација, надзор, пресметана статика, хидрантски мрежи, итни излези, план за евакуација, паркинзи и пристап до објектите.
Апелирам ИТНО ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОКАЗИТЕ ОД ОПШТИНА ЧАИР, бидејќи имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите таму активно се уништуваат докази“, истакна во објавата Арсовска.
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.
Прочитајте и…
(ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме