Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши учествува на Меѓународниот форум во Астана 2025, што се одржува на 29 и 30 мај во главниот град на Казахстан. Министерот Дурмиши се обрати на тематската сесија „Интелектуална сопственост во ерата на вештачката интелигенција и креативните индустрии: Предизвици и можности“.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши ја претстави националната стратегија на Северна Македонија за развој и заштита на интелектуалната сопственост како клучна компонента за економија базирана на иновации, со особен фокус на стартапи и мали и средни претпријатија.
-За нас, интелектуалната сопственост не е само правна заштита – тоа е реален економски ресурс, истакнал министерот Дурмиши.
Тој ги презентирал тековните иницијативи, како што се преводот на водичите на СЗИС (ËIPO) за стартапи, поддршката преку Фондот за иновации и технолошки развој, зајакнувањето на сајбер-безбедноста и усогласувањето на регулативите со стандардите на Европската унија.
Во фокус на неговото излагање биле и инвестициите во инфраструктурата за иновации – вклучувајќи два Центар за извонредност, Технолошки парк, како и иницијативи за дигитална трансформација на малите претпријатија преку Европскиот дигитален иновациски хаб.
Учеството на овој форум претставува потврда за заложбата на Министерството за економија и работа да ја позиционира Северна Македонија како земја отворена за иновации, паметни инвестиции и одржлив економски развој.