ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ганиу: Арсовска прави шоу, Општина Чаир нема неплатени обврски кон Градот, состојбата со отпадот е загрижувачка

May 29, 2025 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција информираше дека е загрижувачка состојбата со управување на отпадот и јавните услуги во Чаир. Тој истакна дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.

-Во 21 век сме, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот, истакна Ганиу.

Ганиу напомена дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не треба да дозволи да биде, како што рече, „инструментализирана од структурите на ДУИ“. Тој повика таа итно да ги ангажира вработените од ЈП „Комунална хигиена“ и притоа испрати критика кон политичките партнери од Сарај за водење на политичка кампања на грбот на граѓаните.

Во своето обраќање Ганиу посочи дека постојат неисполнети ветувања од страна на Градот, односно нереализирани паркови, булевари, бесплатен јавен превоз и инвестиции во Старата скопска чаршија.

-Општина Чаир нема неплатени обврски кон градот. Доколку тврдите спротивно, ве охрабрувам, пуштите извршители и на суд ќе ја утврдиме вистината, рече Ганиу. Тој потенцираше дека Општината останува отворена за институционална соработка и конкретни активности.

На новинарско прашање во врска со дивоградбите во Чаир, Ганиу потенцираше дека доколку постојат нерегуларности, тогаш треба да постапуваат органите, но појасни дека не е коректно сите дивоградби да се бараат во Чаир.

-Ако има нешто, тогаш треба да постапуваат органите, а не градоначалничката да ја игра улогата на истражен орган. Законот за легализација во Чаир се спроведуваше како што се спроведуваше низ целата држава. Близу 500 илјади дивоградби имаше во Македонија кога се донесе Законот. Вкупно 130 имало во 2011 година. Вие сите дивоградби ги барате во Чаир и мислам дека тоа не е коректно. Јас никогаш не сум сакал да се споредувам со други општини, но Чаир не е ни пета ни шеста Општина во Скопје по бројот на дивоградби. Ова што го прави градоначалничката е „шоу“ во Општина Чаир, рече Ганиу.

Tags: ГаниуОпштина Чаир
Next Post

Славески: Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане неазависна

НАЈНОВО

Фото: Народна банка

Славески: Инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%

September 1, 2025

Северна Македонија падна за четири места на Глобалниот индекс за мир

September 1, 2025

Американскиот Стејт департмент воведе построги визни ограничувања за Палестинците

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk