ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Опозицијата да се вклучи во лобирањето во ЕП за Македонија, Муцунски ќе има средба со Марко Рубио

May 29, 2025 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи пратеничко прашање во Собранието, за напорите на Владата за деблокада на евроинтергации ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик.

Мицкоски, при тоа за уставните измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.

Премиерот посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да може земјава да ја одржи Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на „Францускиот предлог“ и ова е, вели факт, а на сегашната Влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања.

-Како Влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како Влада креираме стратегија за понатаму, рече Мицкоски на прашање од пратеникот Оливер Спасовски дали има нови сценарија во однос на напредокот во евроинтеграциите.

Тој истакна дека сега имаме прв тест, а тоа е од страна на земјите членки на ЕУ да биде усвоен документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и, вели,  да видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија. Вториот момент е вели Извештајот на известувачот за земјава во ЕП Томас Вајц, кој се очекува да се гласа во јули.

-Но, пред тоа има еден друг вовед, а тоа е Извештајот на известувачот за состојбите тука во Македонија, кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија. Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од средниот век. Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати, потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека на тој начин прв пат во историјата Европскиот Парламент во извештај ќе вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик чие гласање треба да биде во јули.

-Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите заедно да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа Влада, изјави Мицкоски.

Тој најави и дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој е во САД на одбележување на годишнината од Дејтонскиот договор, за помалку од три часа ќе има билатерална средба со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Спасовски оцени дека е добро ЕП да донесе одлука со која ќе се прифати македонскиот јазик и идентитет и изрази уверување дека партијата на европските социјалисти ќе даде поддршка за извештајот за земјава.

Tags: ЕПМицкоски
Next Post
Credits: Ville de Paris

По 100 години, повторно ќе се плива во Сена – Париз отвора три јавни капалишта

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk