ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити на координативен состанок со УНОПС и експерти за справување со линдан отпадот во ОХИС

May 30, 2025 16:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска предводеше координативен состанок со претставници на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), како и домашни и меѓународни експерти. На состанокот беа разгледани тековните активности за ископување и резултатите од последните истражувања за преостанатите количини на линдан отпад во малата депонија во кругот на поранешниот комплекс ОХИС, информираат од МЖСПП.

Главната цел на дискусиите била разгледување и усогласување на можните решенија и стратегии за целосно завршување на ремедијацијата на оваа контаминирана локација.

Министерот Меџити истакнал дека Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Владата, остануваат посветени на имплементацијата на одржливи и ефективни решенија, како и обезбедување на потребните финансиски средства за надминување на овој долготраен и комплексен еколошки проблем кој ги засега жителите на Скопје и пошироката околина.

-Овој предизвик не е само одговорност на Министерството или Владата, туку на целата држава. Иако процесот на чистење е веќе започнат, останува уште многу работа за целосно отстранување на опасниот историски отпад, потенцира Меџити. Тој нагласил дека ова наследено загадување сериозно влијае врз здравјето на граѓаните, како и на квалитетот на воздухот, почвата и водата.

Министерот подвлекол дека целосната санација и обнова на поранешната локација на хемиската индустрија ОХИС претставува не само техничка, туку и морална и институционална обврска кон сегашните и идните генерации.

Процесот на чистење на малата депонија со линдан е сложен и финансиски интензивен проект, кој се реализира со поддршка од Мулти-партнерскиот еколошки фонд.

Tags: МеџитиУНОПС
Next Post

Уставните измени во фокус на средбата на францускиот амбасадор со членовите на собраниската Комисија за надворешна политика

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk