ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски од Будимпешта: Орбан ја промовира европската иднина, Трамп ја врати надежта

May 30, 2025 18:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради! Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет. Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа. Верувам дека овој е патот кој треба да го изодиме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта.

Тој денеска во своето обраќање на Конференција на конзервативната политичка акција напомена дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен.

-Да не ги заборавиме нашите пријатели кои ги штитат овие вредности. Нашиот пријател премиерот Виктор Орбан е еден од лидерите кои ги промовираат вредностите во Европа и за чија активна улога треба да биде поддржан и поздравен. Тоа е политика на цврсти основи и политика каде зборот е збор, цврст како карпа. И му благодарам за тоа. И ветриштата на промени кои ги започна администрацијата на претседателот Трамп е политика на раст и враќање на надежта, рече Мицкоски.

Според него, патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина.

-Живеејќи во времиња, кога лажните наративи се обидуваат да ги избришат или да ги релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука за да го потврдиме спротивното. Патриотизмот не е некаква ретро-идеја, туку единствениот пат кон просперитетна иднина. Прво и основно – Бог, рече Мицкоски.

Тој додаде дека во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите.

-Во време кога христијанските вредности секој ден се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни: никогаш нема да се откажеме од духовното наследство на рамноапостолите, светите браќа Кирил и Методиј кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет. Второ – Татковината. Таа – нашата родна грутка – не е само некаков географски поим, рече Мицкоски.

Како што подвлече, низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви.

-Денес, во духот на соработката, длабоко ја цениме поддршката на нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија – чиј пример нè инспирира уште повеќе да ги застапуваме вредностите во кои веруваме.  И конечно – семејството. Најсветата институција што ја создал Бог.  Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа. Затоа што многу добро знаеме дека секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејства, додаде Мицкоски.

Тој во своето обраќање повика да се зајакне нашата духовна отпорност, суверенитетот и традиционалното семејство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БудимпештаМицкоскиОрбанТрамп

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk