ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деветто издание на спортската манифестација „Охрид трчат“

June 1, 2025 11:14
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 2.400 тркачи од 31 држава од светот денеска учествуваат на трките од пет и од 21 километар на деветтото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Заради безбедноста на тркачите и публиката ќе има времен режим на сообраќај од 7 часот и 45 минути до 11 часот и 15 минути ќе бидат затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.

„Охрид трчаТ“, според Јоне Станкоски од организацискиот тим на манифестацијата, не е само спортска трка, туку е спортско-туристички производ, кој го слави животот, здравјето, заедништвото.

Годинава, според него, интересот е најголем во споредба со претходните изданија, а половина од учесниците се од странство или други градови на Македонија.

– „Охрид трчаТ“ има длабока вредност за локалната заедница, не само заради тоа што го промовира здравиот начин на живот, туку и затоа што директно влијае врз локалната економија, преку исполнети сместувачки капацитети, посетени ресторани, локални бизниси… Градот овој викенд ќе живее со трката и тоа е резултат на посветена работа и визија, истакна на прес-конференција Станкоски.

Ваквите настани, за градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, се многу значајни за промоција на градот.

– Ако погледнеме наназад секоја година бројката на учесници се зголемува, што ни дава за право да кажеме, Охрид, секоја година е се поатрактивен и трката е таа што ги привлекува огромниот број не само наши, туку и странски туристи. Ме радува и што половина од тркачите се од други градови од Македонија или од странство. Сметам дека овој тренд во иднина ќе продолжи, рече Пецаков.

Иван Цветкоски од организацискиот тим на „Охрид трчаТ“ истакна дека посветено работат цела година за овој викенд да го реализираат онака како што заслужува еден град како Охрид.

– Охрид ние го третираме како голема скапоценост и се трудиме тоа да го оправдаме, кај сите тркачи кои доаѓаат за време на манифестацијата. Имаме 2.400 учесници, 510 полумаратонци од кои 50 отсто се странци, имаме 70 штафетни тркачи на штафетниот полумаратон. Бројките

покажуваат за се што сме работеле изминатата година, рече Цветкоски.

Годинашната манифестација „Охрид трчаТ“ почна во петокот со експо и ноќна трка, вчера се одржа панел дискусија и други спортски и забавни настани.

Next Post

(ФОТО) Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk