Пекинг тоа го нарекува „мека моќ“, но во реалноста, тоа е тивка поддршка за геноцидалната агресија на Москва.
Во најновата анализа за Civil.Today, авторот Џабир Дерала ја деконструира нарацијата за „меката моќ“ на Кина и го разобличува нејзиниот вистински ангажман во глобалната хибридна војна. Написот, објавен на англиски јазик, фрла светлина врз стратешките, економските и пропагандните врски меѓу Кина и Русија и алармира за опасностите што тие ги претставуваат за светскиот мир и демократија.
Извадок:
Глобалното влијание на Кина често пригодно се означува како мека моќ – еуфемизам што упатува на дипломатија заснована на економски инвестиции, културна размена и инфраструктурни проекти. Но, во бруталниот контекст на целосната руска агресија врз Украина, оваа карактеризација не е само неточна – туку е крајно опасна и манипулативна.
Кина донесе стратешка одлука: да учествува во хибридната војна – не отворено, со тенкови и ракети – туку преку дезинформации, економски спасувачки појаси и пресметан молк. Тоа е форма на не толку тивко, намерно соучесништво во војна против самите темели на глобалниот мир и безбедност.