ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

June 1, 2025 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ

На денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, постави низа прашања во врска со, како што рече, одолговлекувањето на истрагата за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, обвинувајќи за тоа директно функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави сè за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата“, рече Илиевски.

Тој праша дали причината за досегашната неактивност на обвинителството лежи во тоа што осомничениот сменоводител Драган Казак Петрушев има партиска заштита.

„Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев, сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс?“ – праша Илиевски.

Тој постави и конкретни прашања за наводна безбедносна снимка, за која рече дека ја поседуваат институциите, но не преземаат ништо:

„Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев, спротивно на стандардните оперативни процедури, ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот?“ – изјави тој.

„Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката, зошто досега нема обвинение против Петрушев?“ – продолжи Илиевски.

Праша и зошто контрола не била спроведена според наредбата, туку со задоцнување:

„Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контрола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата, туку, спротивно на добиената наредба, прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот?“ – праша Илиевски.

Се отвора и прашање за евентуален договор меѓу сопственикот на дискотеката и Петрушев:

„Дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?“ – рече Илиевски.

Според него, јавноста заслужува одговори и за наводна паралелна постапка против Петрушев:

„Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои, наместо да ги гони, ги информирал за постапките кои се водат против нив?“ – праша потпретседателот на СДСМ.

Tags: Драган Петрушев
Next Post

Двајца мртви и 192 повредени во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во ЛШ

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk