ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали една изборна единица ќе овозможи реална и фер претставеност на помалубројните заедници во Собранието?

June 2, 2025 13:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

По повикот на премиерот Христијан Мицкоски од последната седницата за пратенички прашања опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии.

– Спремни сме да дискутираме за сите теми, вклучително и за изборниот модел, но тоа мора да биде инклузивен процес. Покрај прашањето за една изборна единица, тука се и прашањата за цензусот и за отворените листи – рече Филипче.

Мицкоски го повика СДСМ да ги поддржи измените на Изборниот законик, со кои, како што рече, ќе се воведе една изборна единица и ќе се овозможи и на дијаспората да гласа.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените. Верувам дека ова е историски чекор за демократијата – порача премиерот.

Портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски изјави дека Либерално-демократската партија и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи.

– И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива за ЛДП. Нашите пратеници во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме, посочува Аврамовски.

Тој додава дека денес (понеделник), преку претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието за воведување на една изборна единица и отворени листи.

ЛДП ги повикува сите политички партии како и граѓанскиот сектор на отворен дијалог и заедничка работа, со една цел – конечно усвојување фер, праведен и современ изборен модел, кој ќе им служи на сите граѓани подеднакво.

Партијата за движење на Турците (ТХП) ја изразува својата подготвеност да учествува во дебата за промени во изборниот модел и ја поддржува иницијативата за отворање на широк дијалог околу измени на Изборниот законик.

Сепак, како што се наведува во соопштението, останува отворено прашањето дали премиерот има јасна визија и план за тоа како ќе се обезбеди правичен и инклузивен изборен модел кој ќе овозможи реална и фер претставеност на помалубројните заедници во Собранието.

– Дали целта е навистина демократизација и еднаквост во изборниот процес, или пак повторно ќе се сведеме на модел во кој со 400–500 гласови ќе се избираат пратеници од дијаспората, додека гласот на помалубројните заедници останува занемарен, прашуваат од партијата.

Од ТХП, апелираат, како што велат, во овие клучни дебати, кои го засегаат темелот на демократското уредување на државата, да се отвори сериозен простор и за немнозинските заедници.

Од друга страна седум граѓански иницијативи, поднесоа барање до Собранието и до Министерството за правда да се направат итни измени на Изборниот законик.

Велат оставена е правна празнина откако Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од измените во Изборниот законик донесени на 7 март 2024, со кои партиите од власта и опозицијата здружено го зголемија прагот за потребни потписи на 1 отсто од гласачкото тело во изборна единица за учество на независните листи на изборите.

Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ вели дека во отсуство на дадени услови и критериуми треба да биде отворена, а не затворена можноста за кандидирање независни листи.

Граѓанските иницијативи бараат Министерството за правда и Собранието да ги вклучат и независните кандидати во работната група која ќе ги формулира одредбите за измена и дополнување на Изборниот законик. Исто така, бараат да се применува законската обврска за пристап до Избирачкиот список на сите учесници на изборите.

Дестан Јонузи

Tags: Една изборна единица
Next Post

Кузеска: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk