ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

June 2, 2025 13:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме да му порачаме дека се лаже. СДСМ нема да дозволи да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја! Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на на Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се спаси самиот. Обвинителството и Мицкоски мора да одговорат зошто досега не е покрената истрага против актуелната началничка на ОВР  Кочани, Марија Цветковска Маневска во моментот кога се случил пожарот?! Марија Цветковска Маневска е личен избор на Панче Тошковски за началник на ОВР Кочани уште во техничката Влада што значи дека таа е на функција повеќе од една година пред да се случи трагичниот пожар во Пулс!, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска

„Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?!

Како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со која самата раководи!

Дали и таа како и Драган Казак Петрушев е заштитена само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и има фотографии со поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ?!

Дали е точно дека одговорниот за реонот во Кочани во кој се наоѓа дискотеката Пулс неколку месеци пред пожарот испратил службена белешка до своите надредени меѓу кои и Марија Цветковска Маневска дека дискотеката работи спротивно на законите?

Ако Маневска добила ваква службена белешка зошто не постапила и не ја затворила дискотеката пред да се случи трагедијата?!

Дали е точно дека додека горела дискотеката одредени полициски службеници не биле на висина на задачата меѓу кои и началничката Марија Цветковска Маневска?

Дали Христијан Мицкоски лично ги штити овие луѓе од страв дека доколку станат дел од истрагата и против нив се покрене обвинение, истрагата ќе доведе лично до него и до неговите најблиски соработници?

Дали Мицкоски ги штити овие луѓе за да не се распадне неговата параполициска и мафијашка структура во рамки на МВР?

Обвинителството мора да одговори зошто нема обвинение против овие луѓе?

Дали се мета на уцени или можеби станува збор за тргувања со влијание?

Ништо нема да ја сопре вистината за трагедијата во Кочани! Кочани ја заслужува вистината, Македонија заслужува правда за сите невини детски животи згаснати поради институционална корупција!“, истакна Кузеска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk