ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра

June 3, 2025 13:12
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на минатата недела спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови,а во еден случај запленети се 30 илјади евра, соопштија денеска од Царинската управа. Бил спречен и нелегален влез на мигранти.

Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронашле дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната.

– Возачот на товарното моторно возило – цистерна, за да може полесно да ги извади штеките цигари ги поврзал со сајла и така ги скрил во цевките, се со цел да избегне плаќање давачки во износ од 81 илјада денари. Против него е поведена соодветна постапка, а штеките цигари и тутунот се запленети.

Во друг случај на граничен премин Богородица Службата за мобилни скенери при скенирање на товарно моторно возило – цистерна, откри 6 штеки цигари скриени во кабината, се наведува во соопштението.

Запленети се и 30 илјади евра што патник сакал нелегално да ги изнесе преку граничен премин Богородица. Од Царина појаснуваат дека станува збор за српски државјанин кој со себе носел 40 илјади евра и за кои возачот не поседувал потврда за пријавени платежни средства при влез во државата. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезиденти може слободно да го изнесат од државата, додека останатите  30 илјади евра се задржани.

Службата за мобилен скенер спречила и обид за нелегален влез на четири мигранти, државјани на Египет. Мигрантите биле пронајдени во просторот за палети на камион со грчки регистарски таблички, на влез во државата, на граничен премин Богородица. Случајот е предаден за понатамошна постапка на полициските службеници од граничниот премин.

Спречен бил обид за шверц на 540 шишиња вино што биле скриени во автобус, пријавен за влез во државата на граничен премин Блаце.

При контрола на автомобил управуван од албански државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија, биле пронајдени 143 резервни делови за возила и 24 литри моторно масло.

– Три таблети, две матични плочи и четири читачи на жетони за кафе-апарати се откриени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Блаце, соопштија од Царинската Управа.

Tags: криумчарењеобидспречилацарина
Next Post

Холандската влада се распадна откако крајнодесничарската партија на Вилдерс ја напушта коалицијата

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk