Македонија освои два медали на 29. Балканско првенство во карате за деца што изминатиот викенд се одржа во Бар, Црна Гора.
Сара Муадини од клубот „Баскими“ од Куманово, е балканска шампионка во категоријата до 12 години, -45 кг. Таа до златото дојде по победите над Јована Живиќ од Србија (1:0), Лаура Просиќ од Хрватска (2:0), Ламија Демировиќ од Босна и Херцеговина, Сура Улку Алтун од Турција (1:0) и Хиранур Урај од Турција (3:0).
Софија Топалоска го освои третото место во категоријата до 10 години до -34 килограми, најпрво триумфирајќи убедливо со 7:1 против Хрватката Петра Болф. Следуваа победи над Ксенија Цицмил од Црна Гора (1:0) и Турчинката Туба Елиф Азак (1:0). Во полуфиналето македонската каратистка загуби од Лара Јурачиќ од Хрватска (0:1), а во репасажот ја совлада Димитра Пилату од Грција (3:1).