ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Пеколот во Пулс го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени

June 4, 2025 10:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени. Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции. Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта, соопштуваат од СДСМ.

„Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани?

Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници?

Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива.

Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади?

Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ?

И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив.

И покрај сомневањата за фалсификати во акциската документација и неговото присуство во критичната ноќ, обвинение нема. Дали затоа што е во блиска врска со Орце Тодоровски – Ефто, еден од најблиските луѓе до Мицкоски?

Во истрагата се опфатени обични полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката, но не и оние кои имале службена обврска да проверат сопственост и правен статус на објектот.

Селективната правда е неправда.

Родителите, семејствата и цела Македонија заслужуваат одговори, а не молк и заштита на виновниците.

Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и конечно да спроведе независна, професионална истрага.

СДСМ нема да молчи. Нема да запреме. „Вистината за Кочани“ излезе на виделина. Одоговорност мора да има“, се наведува во соопштението од СДСМ.

 

Tags: трагедија во Кочани
Next Post

Пандев: Да се ​​прават промени во Македонија е многу тешко, но ние сме оптимисти за иднината

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk