– Апсолутно немаме никаков страв од избори и целосно сме убедени за исходот по изборите, вели во интервју за НоваТВ, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
За излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари, Гаши вели дека „веќе е јасно дека случувањата не влијаеа врз стабилноста на ВЛЕН“.
„Можам да кажам дека најзабележителната промена што може да се види е промената во составот на пратеничката група. Имаме нов координатор на пратеничката група на ВЛЕН и во моментов се прават потребните промени во работните тела. Што се однесува до изненадувањето, сметам дека најмногу оваа одлука или движење го изненади членството на АА, па оттаму се забележува и протест од страна на членството против оваа одлука’, истакнува гаши.
Целото интервју на Афром Гаши проследете го на НоваТВ, на следниот ЛИНК.