ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

На „победата” и се кратки нозете

June 5, 2025 14:50
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Читам дека двајца наши амбасадори изјавиле како вчера била извојувана, цитирам, голема победа на македонската дипломатија. Искрено, не знаев дека одложување на гласањето за извештајот за Македонија било позитивна работа.

Да одиме по ред, за да дојдеме до вистината. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера го одложи гласањето за извештајот за евалуација на напредокот на Македонија во пристапувањето кон ЕУ. Извештајот требаше да се гласа заедно со досиејата за другите земји кои се борат за членство во ЕУ. Додека извештаите за Босна и Херцеговина, Албанија и Грузија беа усвоени, оној за нашата земја беше блокиран.

Она што ниту еден владин или партиски член на ВМРО-ДПМНЕ не го кажа во јавноста е дека барањето на Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, за одложување на гласањето е РЕЗУЛТАТ НА БАРАЊЕТО НА Европската народна партија (ЕПП), најголемата група во Парламентот. Имено, ЕПП ЈА ПОВЛЕЧЕ СВОЈАТА ПОДДРРШКА еден ден пред закажаното гласање, откако првично се согласи со неговата содржина. Ова го остави извештајот без потребното мнозинство за одобрување и го остави Вајц без друга опција, освен да побара одложување.

Ако шпекулирам или изнесувам лажна вест, молам веднаш да бидам демантирам. Веднаш ќе се извинам.

Чекам…

Тогаш да прашам, за каков тријумф се зборува овде?!?

Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ доживаеала вистински дебакл внатре во својата сестринска партија во која членува. Ете колку тежи нивното влијание и каков авторитет поседувааат во ЕПП.

Да биде работата уште по трагикомична, премиерот Христијан Мицкоски во измиантиве неколку денови бараше лобирање од страна и на опозицијата до европарламентарци од нивните сестрински партии. Во мангупски стил, демек ние својата работа си ја завршивме, сега да ве видиме вас.

Кога веќе сме на таа тема, Мицкоски се пофали дека во пресрет на гласањето, тој и Тимчо Муцунски оствариле голем број на телефонски разговори. Ете, резултат од нивната активност пристигна веднаш.

Некој требаше да им каже дека не се лобира на ден пред гласањето, туку дека тоа се прави секој ден. Повеќе пати укажував дека многу брзо ќе ја платиме цената за туристичката селфи дипломатија во која се претвори нашата надворешна политика. Па така, додека сите наши соседи перманенто лобираат, Муцунски оди во посета на детски градинки во Австралија и САД, односно на ЕКСПО 2025 во Јапонија. Барем да беа во Европа, можеби и ќе се погодеше некое детенце на ЕУ дипломат.

И уште нешто. Кога одиш во посета на Орбан, омилената личност во Брисел, и тоа на неколку дена пред гласањето, можеш да вртиш телефони колку сакаш. Ако некој воопшто и ти се јави.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.
Tags: Жерновски
Next Post
Последиците од рускиот напад врз северниот украински град Прилуки, Черниговска област, на 5 јуни 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Најмалку 8 загинати, 46 повредени во руските воздушни напади врз Украина во текот на изминатиот ден

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk