– СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот Суд. Претседателот не го избира Собранието, туку се бира од страна на уставните судии, оттаму ниту правно формално оваа иницијатива не е издржана. Покрај ова, сметаме дека таа може да се искористи исклучиво за дневно политички цели од страна на оние кои ја иницираат. Уставниот суд треба да работи согласно уставот и да ги спроведува сите иницијатви согласно законите, соопштуваат од СДСМ.
Пратеничката група на Европскиот фронт до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.
Пратеникот Илир Хасани на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.