ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос за 40 минути ќе се патува од Ресен до грчка Преспа

June 6, 2025 11:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос, чија изградба и официјално започна од двете страни на границата, времето за патување ќе се намали на 40 минути, јави дописничката на МИА од Атина.

Работите во проектот БорПрес2 од македонска страна официјално започнаа во март, додека, пак, вчера во општина Преспа беше означен почетокот и на грчка страна, со настанот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Република Северна Македонија на областа Преспанско Езеро“, на кој присуствуваа министрите за внатрешни работи на двете земји Панче Тошковски и Теодорос Ливаниос, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас, како и претставници на локалните самоуправи.

Поради вчерашниот 24-часовен штрајк на новинарите во Грција, грчките медиуми, пред сè оние од северниот дел на земјата, денеска објавија за отпочнувањето на работите во Преспа.

Македонската делегација, заедно со амбасадорот Рокас, пеш ја поминале границата и пристигнале на настанот во Прeспа.

ЕУ амбасадорот во изјава за локалните медиуми, рекол дека е важен, историски ден, но и дека за него е чест што е првиот што ја помина границата.

– Ова е програма финансирана од ЕУ и се надеваме дека, пред сè, ќе ја унапредиме комуникацијата на народите, но и да ја заштитиме Преспа, езерото што е светското наследство во биодиверзитетот. Верувам дека ќе помогне во туризмот, во комуникациите, ќе помогне во трговските размени и навистина сум среќен што сум првиот кој ја преминува границата. Се надевам дека за година и пол до две ќе го направиме тоа официјално, истакна Рокас за весникот „Ихос“ од Лерин.

Министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос за истиот весник нагласи дека станува збор за многу важен проект за економијата на Преспа.

– Во текот на годинава изведувачите ќе започнат со работа и се надевам во рок од две години проектот ќе биде завршен и да им биде предаден на жителите на Преспа, но и на посетителите за да уживаат во убавините на областа, истакна Ливаниос.

Додаде дека не станува збор за лесен проект, бидејќи, како што објасни, за изградбата на патот требале да бидат земени предвид многу еколошки параметри за заштита на животната средина.

Неговиот македонски колега, министерот Панче Тошковски, како што вчера објави МИА, посочи дека „ова не е само почеток на инфраструктурен проект, туку реализација на заедничка визија – визија вкоренета во регионалната соработка, европската интеграција и трајното партнерство меѓу нашите две држави“.

– Силата на Европа лежи во нејзиното единство и во мостовите што ги градиме преку границите – а не во ѕидовите што ги подигаме меѓу нас. Преку проектот БорПрес2, ја претвораме таа цел во практично, мерливо влијание. Овој проект е доказ дека европската интеграција не е далечна аспирација – тоа е жив процес, вкоренет во опипливи резултати: подобри патишта, безбедни граници и подобрен квалитет на живот за граѓаните на кои им служиме, потенцираше Тошковски, кој на маргините на вчерашниот настан оствари и билатерална средба со грчкиот министер Теодорос Ливаниос на која разговарале за меѓусебната соработка, како и можно решение за побрз проток на патници и стоки на граничниот премин Богородица – Евзони.

Во проектот БорПрес2 вреден над 7,7 милиони евра, 80 отсто финансиран преку ИПА 3 програмата на Европската Унија се планирани реновирање на постојната полициска станица од македонска страна, изградба на нова зграда за царинска и полициска контрола на страна на Грција и развој на прекуграничната пешачка патека помеѓу селата Брајчино и Агиос Германос со цел промоција на еко-туризмот.

Партнери во проектот се министерствата за внатрешни работи на двете земји, грчкиот регион Западна Македонија и општините Ресен и Преспа.

Целта на БорПрес2 е целосно оперативно функционирање на преминот, согласно со Шенген стандардиτе, зајакнување на поврзаноста, безбедноста и регионалниот развој во Преспанскиот регион.

Проектот започна на 14 февруари 2025 година и е планирано да трае 36 месеци, со завршување на 13 февруари 2028 година.

Граничниот премин Маркова нога-Лемос, кој функционираше со децении, олеснувајќи ја комуникацијата меѓу жителите од двете стани на границата беше затворен во мај 1967 година за време на хунтата во Грција, а повторното отворање беше континуирано барање на локалното население.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Граничен преминГрцијаМаркова ногаТошковски

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk