ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Градоначалничката на Лос Анџелес демантира распоредување на Националната гарда во градот

June 8, 2025 11:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Немири во Лос Анџелес. Фото: Скриншот

Немири во Лос Анџелес. Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека Националната гарда не е распоредена во градот, демантирајќи ги шпекулациите за нејзино присуство.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Бас им се заблагодари на полицијата на Лос Анџелес (LAPD) и локалните безбедносни сили за нивната работа, истовремено критикувајќи ги рациите на Имиграциската и царинска служба (ICE) и пријавеното насилство за време на протестите против нив.

Сепак, останува нејасно дали Националната гарда е распоредена во поширокиот регион на Лос Анџелес.

Во петокот, по рациите на ICE во градот, вклучително во областите Вестлејк и Јужен Лос Анџелес, беа уапсени 118 лица, од кои 44 само во петокот, според Си-Би-Ес. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ги осуди рациите, нарекувајќи ги „сурови“.

Федералната зграда во центарот на Лос Анџелес стана жариште на протестите откако се појавија информации дека притворените лица се наоѓаат таму. На зградата беа испишани графити, а според Си-Би-Ес, кон полицијата биле фрлани предмети, што доведе до прогласување на протестите за незаконско собирање.

Шерифот на округот Лос Анџелес синоќа извести за нов протест во градот Парамаунт, каде што наводно била спроведена уште една имиграциска рација. Околу 400 луѓе учествувале на протестите, а полицијата повторно прогласи незаконско собирање, обидувајќи се да ги растера демонстрантите „без насилство“, изјави шерифот Роберт Луна.

Имиграциските рации се интензивираа под администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој минатиот месец нареди федералните агенти дневно да апсат 3.000 лица.

Како одговор на тензиите, Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, додека министерот за одбрана најави можна мобилизација на маринци доколку насилството продолжи.

На социјалните мрежи, Трамп им се заблагодари на Националната гарда за „добро завршената работа“ и ги критикуваше демократските лидери, заканувајќи се дека „протестите на радикалната левица нема да бидат толерирани“. Исто така, тој забрани носење маски на протестите.

Полицијата во Лос Анџелес потоа приведе неколку лица во близина на имиграцискиот притворски центар, каде што демонстрантите се собираа во текот на денот. „Повеќе лица се приведени поради непочитување на повеќекратните предупредувања за разидување“, објави LAPD на платформата Икс.

Гувернерот Њусом го обвини министерот за одбрана Пит Хегсет за „вознемирувачко однесување“ поради заканите за испраќање маринци против демонстрантите, додека Хегсет изјави дека маринци од базата Кемп Пендлтон се во состојба на висока готовност.

Ова е првпат од немирите во Лос Анџелес во 1992 година американски претседател да ја стави Националната гарда под федерална контрола за да ги сузбие протестите.

Немирите во 1992 година, предизвикани од ослободителната пресуда за полицајците кои го претепаа Родни Кинг, резултираше со десетици загинати, илјадници повредени и штета од над една милијарда долари.

Прочитајте и…

(ВИДЕО) Немири во Лос Анџелес: Трамп ја испрати Националната гарда против демонстрантите

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Карен БасЛос АнџелесНационална гарданемири

НАЈНОВО

Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

June 21, 2025

Репрезентативецот Алиоски потпиша двегодишен договор со Лугано

June 21, 2025
Фото: ЕУ

Веќе 40 години Шенген е успех за Европа, но дали е сега под закана?

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk