На „Алијанц Арена“ во Минхен вечер од 21 часот во финалето на Лигата на нации ќе се соочат Португалија и Шпанија.
Во полуфиналето Португалија ја победи Германија (2:1), а Шпанија ја совлада Франција (5:4).
Португалците го освоија првиот трофеј во ова натпреварување во сезоната 2018/19, а Шпанците го освоија третото издание, сезоната 2022/23.
Во предигра на финалето, од 15 часот за 3. место ќе се борат Германија и Франција.