На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на екипи од 12 на 10 во Првата лига за сезоната 2026/27.
– Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ, соопшти ФФМ.
Нов систем за натпреварување по две години ќе има и во Втората лига, како и Третите регионални лиги.
Исто така, Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување.