ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови ограничувања на Света Гора – дозволени до 300 престои месечно за странски поклоници

June 9, 2025 12:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Преку циркуларно писмо од 15 мај, испратено до сите манастири, Светата заедница, информирала дека од 14 јуни на Света Гора ќе се воведат нови правила, според кои месечно се дозволени до 300 претстои на странски поклоници, а исклучок се верниците од Грција и Кипар, објавија грчките црковни медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според циркуларното писмо, новите ограничувања нема да важат за српските поклоници во манастирот Хиландар, за Бугарите во манастирот Зографу и за Русите и Украинците во манастирот Свети Пантелејмон (руски).

Порталот „Ромфеа“ пишува дека новите мерки за странските поклоници, се со цел да се зачува смирувачкиот карактер на Света Гора, по брзото зголемување на бројот на поклоници (главно Романци) во последните месеци.

На почетокот на годинава беа воведени конкретни мерки меѓу кои задолжително доставување барања за посета најмалку ден пред пристигнувањето; ограничен број поклоници во текот на месецот; посета само по одобрена покана.

Сепак, според грчките медиуми, и покрај овие мерки, бранот на поклоници сè уште се зголемува, а за тоа, како што пишува „Ромфеа“, придонесуваат многу агенции за „услуги“ на поклоници, што всушност се туристички канцеларии, кои работат во соработка со индивидуални монаси или манастири и организираат посети за поклонение по високи цени.

Дополнително, порталот пишува дека „многу претставници на Светите манастири го вклучија алармот за можно претворање на Света Гора во туристичка дестинација“.

Новите ограничувања ќе важат од 14 јуни, денот кога новата Свештената Епистасија (Надзорништво) ќе ја преземе функцијата, одлуката според циркуларното писмо е од 15 мај и не е во никој случај поврзана со земјотресот во саботата.

Според грчките медиуми, во текот на 2024 година Света Гора ја посетиле 158.000 поклоници, околу 8.000 повеќе споредбено со една година претходно, а најбројни, веднаш по Грците, биле поклониците од Романија.

Tags: ГрцијаСвета Гора
Next Post
Фото: МИА

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk