ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОЈО ГОКК гони 23 физички и 15 правни лица за штета од околу 90 милиони евра во случајот „Крмзов“

June 10, 2025 14:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 90 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности.

Како што информираа на денешниот брифинг со новинари во ОЈО ГОКК, иницијативата за истрагата потекнува од Управата за јавни приходи, а предметот опфаќа период од 2019 до 2024 година.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на брифингот нагласи дека Обвинителството внимателно ги цени основите за случајот.

-Да се остави на проценка на Обвинителството да се процени кои мерки се потребни за обезбедување. Основите за тоа ЈО внимателно ги цени. Сега истрагата почнува, што ќе излезе натаму, ќе видиме, се надеваме дека ЈО во рокот ќе поднесе обвинение, изјави Коцевски.

Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, информираше дека истрагата опфаќа период од 2019 до 2024 година и дека штетата се проценува на околу 90 милиони евра.

-Има вкупно 23 обвинети физички и 15 правни лица. Се сомничат за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. За дел од обвинетите има побарано притвор, за дел други мерки на обезбедување, рече Абази.

Обвинителката Верица Бержецка Крстева нагласи дека станува збор за голем број поврзани компании.

-Станува збор за обемна документација на меѓусебно поврзани фирми, изјави Бержецка Крстева.

Таа информираше дека незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности по екстремни цени. Деловните простории кои што биле продавани, како што дополни, се наоѓале во Струмица и сите се во сопственост на правното лице Крмзов.

-Осомничени се сметководители, управители на правни лица и инспектори на УЈП, а се разгледува можноста истрагата да се прошири со нови лица и временски периоди, дополни обвинителката.

На прашањето од каде потекнува иницијативата за предметот, обвинителката информираше дека е од Управата за јавни приходи.

-Иницијативата била на УЈП која имала одредени сомневања во одредени инспектори за одредени поврати на ДДВ на фирми кои не покажувале голем обрт на средства, рече таа.

Додека, во однос на тоа каде завршиле парите, таа рече дека исплатените поврати неколку пати се свртуваат низ поврзаните правни лица.

-За секој од исплатените поврати, тие неколку пати се свртуваат низ поврзаните правни лица, со цел купување недвижен имот, со дел се почнати згради, плаќање комуналии, плати, купување роба од Кина и Турција, појасни таа, дополнувајќи дека дел од имотот на осомничените е замрзнат.

Во септември лани беше спроведена акција за даночно затајување во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар. Беа приведени четири лица, а државниот јавен обвинител информираше дека е оформен предмет за даночна измама и за перење пари и дека се сослушани три лица, а за едно се предложени мерки за претпазливост.

Истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“ покажува дека повеќе милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција. Истрагата се однесува на повеќе струмички компании, кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите. Фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен, како што информираа на денешниот брифинг, заработиле над 30 милиони евра од поврат на ДДВ преку фиктивни фактури.

На Крмзов вчера му беше определен триесет дневен притвор  поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Премиерот Христијан Мицкоски на 16 септември, лани, во врска со последната акција за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во претстојниот период.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КрмзовОЈО
Next Post

Музика од филмови на „Дизни“ на концерт на Филхармонија в петок во Градскиот парк

НАЈНОВО

Израел ја ограничува офанзивата во Газа, се подготвува планот на Трамп

October 4, 2025

Денеска 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани

October 4, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk