На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, беше избран за шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори, објавија од СДСМ.
Од партијата најавуваат интензивна теренска кампања и комуникација со граѓаните и членството. Според СДСМ, јавноста наскоро ќе биде запознаена со „најдобра програмска понуда и најдобар тим кандидати за градоначалници и советници“.
„Со нова енергија, ентузијазам и решителност, СДСМ е подготвена за локалните избори“, соопштија од партијата.