Кина изјави дека е „многу загрижена“ од големите израелски напади врз Иран, критикувајќи го она што го нарече кршење на иранскиот суверенитет. Пекинг изрази подготвеност да помогне во ублажувањето на тензиите.
-Кина е многу загрижена поради израелскиот напад врз Иран, изјави Лин Џијанг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи. Тој предупреди дека овој потег може да доведе до „сериозни последици“.
„Кина ги повикува сите засегнати страни да сторат повеќе за да го одржат мирот и регионалната стабилност и да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите“, додаде портпаролот.