ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавени наградите на МТФ „Војдан Чернодрински“: Најдобра претстава е „12“ на МНТ

June 13, 2025 13:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Жири-комисијата во состав Нела Оташевиќ од Црна Гора, Лилија Абаџиева од Бугарија и Иван Меденица од Србија соопшти која од претставите на македонските театри е најдобра на годинашново фестивалско издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Награда за уметничко остварување на преставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“.

Специјална награда за колективна актерска игра едногласно се доделува на ансамблот на НУ МНТ – Скопје за претставата „12“.

Ова се наградите на 59. издание на фестивалот, со одлука на стручното жири:

1. Награда за рекламен материјал со мнозинство на гласови доделува на Медина Хоџа за рекламнот материјал од претставата „Слепци “во изведба на НУ Турски театар – Скопје.

2. Награда за кореографија и сценски движења со мнозинство на гласови се доделува на Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

3. Награда за музика „Филип Стевановски“ едногласно се доделува на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.

4. Награда за костимографија едногласно се доделува на Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје.

5. Награда за сценографија едногласно се доделува на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.

6. Награда за современа сценска драматизација и адаптација едногласно се доделува на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен Театар – Битола.

7. Награда за современ драмски текст со мнозинство на гласови се доделува на Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.

8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови се доделува на Атанас Атанасовски за улогата на „Оскар Медисон“ во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија Скопје.

9. Награда за млада актерка едногласно се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски Театар – Скопје.

10. Награда за женска епизодна улога со мнозинство на гласови се доделува на Маја Љутков за улогата на „Гвендолин Пиџн“ во претставата „Пар распар“ во изведба на НУ НТ Комедија.

11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови се доделува на Оливер Митковски за улогата на „10“ во претставата „12“ во изведба на НУ МНТ Скопје.

12. Награда за главна женска улога едногласно се доделува на Марија Минчева Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.

13. Награда за главна машка улога едногалсно се доделува на Мартин Мирчевски за улогата на „Доне Совичанов“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен театар Битола.

14. Награда за режија со мнозинство гласови се доделува на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје.

15. Награда за уметничко остварување на преставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“.

– Специјална награда за колективна актерска игра едногласно се доделува на ансамблот на НУ МНТ – Скопје за претставата „12“.

Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.

Годинашниов Фестивал се одржуваше под мотото „Смеј се и осмели се“. Свеченото затворање на Фестивалот е вечер од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТФ „Војдан Чернодрински”награди од жири-комисија
Next Post

Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

НАЈНОВО

Трамп ја откри предложената линија за повлекување во Газа

October 5, 2025

Никовски и Хајдари најбрзи на пет километри на Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk