Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, информнираат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра, се вели во владиното соопштение.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец. Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија. Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија. Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме“, се истакнува во соопштението.