ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

June 13, 2025 16:58
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција, рече Коцевски.

Дополни дека постапката се запира и за едно лице кое е починато, а за едно лице е во прекин поради здравствената состојба.

Тој истакна дека обвинителите одлучиле да се води единствена постапка, бидејќи бројот на лица опфатени во обвинението, кое е на 40 страници, не е голем.

Прашан дали имаат докази кој ја внел пиротехниката на концертот на групата ДНК, Коцевски одговори дека имаат докази.

-Обвинителството е сигурно, кој како и на кој начин ја има внесено пиротехниката. Сѐ е истражувано и во текот на постапката ќе се открие, рече Коцевски на денешната прес-конференција.

Што се однесува за одговорноста на вработени во Државниот пазарен инспекторат обвинителите посочија дека во оваа ситуација поинаку е постапувањето.

-Обезбедени се докази за постапувањето на локално ниво. Надлежностите на повисоко ниво биле во план, во овој случај има докази за целиот период имал план, но тој план несоодветно се спроведувал. Што значи тоа? Тоа значи дека да тие излегувале на лице место, но, пренесувале погрешна информација „дека сѐ е во ред, дека се исполнети услови“. Заради тоа оваа ситуација поинаку е цената доколку се обезбедат докази и понатаму за нивна одговорност секако дека постои можност, рече една од обвинителките која е дел од тимот од предметот.

Обвинителот не сподели конкретни информации околу обвинетите, со објаснување дека обвинителниот акт сѐ уште нема правна сила, а во однос на прашањето зошто никој од актуелната власт не се годни, имајќи предвид дека биле на функција во моментот на несреќата, одговори дека е чудно што во период од десет години никој не вршел надзор во дискотеката.

-И нас ни е чудно како целиот период од најмалку десет години никој таму не вршел надзор. Во однос на вашето тврдење дека бил заштитен од власта во период од 1012 година се менувале повеќе власти, рече Коцевски.

Државниот јавен обвинител Коцевски истакна дека во текот на истрагата беа опфатени 47 лица и три правни лица, а сега во обвинението се 34 лица и три правни лица за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во којашто животите ги загубија 62 лица, а над 200 се повредени.

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Tags: КочанипожарПулс
Next Post

На двата кипарски аеродроми биле пренасочени 32 авиони

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk