ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик и е пратен на мислење и се чека одговор, вели министерот Филков

June 13, 2025 16:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот законик, кој е во групата реформски закони кои треба да бидат донесени до јуни годинава, е подготвен и Работната група во рамки на Министерството за правда ги вградило сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР кои беа и досега, но не беа вградени во претходните изборни циклуси.

Министерот за правда Игор Филков, по денешниот брифинг со медиумите за законите од Реформската агенда, изрази надеж дека крајниот рок од јуни годинава ќе биде фатен и за Изборниот законик.

-Тоа го имаме пратено до ОДИХР на мислење и чекаме одговор од нив. До тука можам да ви кажам дека се надевам дека ќе го фатиме крајниот рок од јуни и ќе видиме што ќе помине на гласање, изјави Филков.

За тоа дали очекува законските измени за една изборна единица да бидат изгласани пред локалните избори, Филков рече, дека очекува да бидат, но да „видиме што ќе помине како финална верзија“.

Прашан за коментар на вчерашниот предлог поднесен од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Филков рече дека уште не го видел вчера поднесениот финален текст.

Во однос на прагот за поднесување на независни кандидатски листи, Филков рече дека имале неколку средби со низ во рамки на Министерството за правда и дека препораките се проследени понатаму.

-Во рамки на Министерството за правда досега имавме неколку консултации со „За мој Карпош“, „Зелен град“ и слично и ние препораките ги проследивме понатаму. Што ќе е во финалната верзија не знам, ќе треба да видам,  и потоа ќе искоментирам, изјави Филков.

Прашан за носењето на законите за кои е потребен Бадентер, Филков рече дека тоа не е само прашање за Министерството за правда и изрази надеж дека политичките партии ќе бидат свесни дека со кочењето прават штета на еден серозен процес.

-Прашањето за Бадентер не се однесува само за Министерството за правда и јас се надевам дека сите политички партии кои се активни чинители на општествениот живот во Македонија се свесни дека не смеат да ги кочат законите кои што се носат во интерес на граѓаните и ќе бидат свесни дека со тоа прават штета на еден сериозен процес,  изјави Филков.

Next Post

Седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk