Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”.
Од панелот „Западниот Балкан на геополитичка крстосница: интеграција во ЕУ или кревање на регионални тензии”, Пендаровски рече дека стратешкото одложување на интеграциите го изложува Западниот Балкан на ризик од неевропски и недемократски влијанија надвор од регионот. Пендаровски потенцираше дека ЕУ мора да делува веднаш и да го заокружи историскиот проект на обединета Европа.