Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централната турска провинција Сивас, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД).
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Гурјун на длабочина од седум километри.
Засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета.