ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО и ВИДЕО) Над пет милиони Американци на „No KING” протести против Трамп за време на роденденската воена парада во Вашингтон

June 15, 2025 10:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од основањето на Армијата на САД и роденденот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој наполни 79 години, јави ДПА.

Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 “No KING” протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

Протести против политиките на Трамп во САД. Фото: Скриншот PBS News

„Сите ние сме кралеви, не тој!“ извикуваат демонстрантите на „No king (Без кралеви)“ демонстрациите низ целата земја.

Протести против политиките на Трамп во САД. Фото: Скриншот PBS News

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

Протести против политиките на Трамп во САД. Фото: Скриншот PBS News

„Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење – ниту пак ACLU ќе седи настрана“, се потенцира во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

Погледнете, велат од наклонетата телевизија кон политиките на трамп – Fox News, „Американските херои од американската армија му ја пеат песната „Среќен роденден“ на Доналд Џ. Трамп за  79тиот роденден на претседателот“.

Роденденска воена парада на Трамп во Вашингтон. Фото: Скриншот ABC News

– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници: „Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.

Роденденска воена парада на Трамп во Вашингтон. Фото: Скриншот, ABC News

Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. – Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.

Роденденска воена парада на Трамп во Вашингтон. Фото: Скриншот ABC News

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп.

Подготви: Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: воено роденденска парадапротестиСАДТрамп
Next Post
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

НАЈНОВО

Исламски џихад се согласува со ставот на Хамас за планот на Трамп за Газа

October 4, 2025
Фото: Priyanka Puvvada / Unsplash

Њујорк е град со најмногу милионери во светот и со 66 милијардери

October 4, 2025

Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk