ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025 16:31
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На патот „од нива до трпеза“, премиерот Мицкоски нареди бисер по бисер од изјави. Небаре премиер кој се прославил со својот труд да ја направи Нашата земја почитувана, демократска, интегрирана со Европа и светот – тој одговара на прашања за најгорливите светски кризи со крајна леснотија, чиниш зборува за облините на тиквите на пазар.

„Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав“, изјави премиерот по отворањето на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Скопје.

А што, веќе кажа нешто? Или тоа беше сè?

Зошто не би коментирал премиерот на Нашата држава за „кризниот штаб“ за Блискиот Исток? Точно така, погодивте – не би коментирал затоа што не знае и не го интересира. Барем јас немам поинакво објаснување.

Па за трагедијата во Кочани не направи ништо повеќе од тоа да отвори телефонска линија! Да, вети дека ќе го „премести“ Кочани во Пониква – како да се работи за гајба домати, не за живи луѓе кои минале низ трагедија и сега се соочуваат со ужасните последици. И, се разбира, испозатвори едно чудо луѓе, а никој не почувствува ни правда, ни помош.

Но затоа ќе го реши судирот меѓу Израел и Иран, откако неговата претседателка ги спаси океаните.

Запрашан за неговиот вицепремиер Стоиљковиќ, кој не е излезен од руската амбасада – и руската цврста прегратка – премиерот вели дека „не треба да има дилеми околу ставот на Владата за руската агресија.“ Поточно, не одговори конкретно на прашањето – во моја верзија – што по ѓаволите бара вицепремиерот на државата (нашата) што е на руската листа непријателски држави на Денот на Русија, туку го премести фокусот онаму каде што ја чувствува вината.

„Ставот на Владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен. Присуството на вицепремиерот Изет Меџити во Одеса е јасна потврда, така што не треба никој да има апсолутно никаква дилема.“ Аха, Меџити е изговорот. Тенок, многу тенок изговор. Најмалку што може некој да заклучи од овој одговор е дека Мицкоски седи на две столици, од кои едната половина на површината со која седи е Стоиљковиќ, а другата Меџити.

Да не се работеше за ужасни и трагични настани, ќе кажев дека премиеров како да е излезен од македонска варијација од „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон. Веројатно еден ден и ќе биде напишана една добра црна комедија – за овие години, кога пародијата и трагедиите станаа наша реалност.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сијарто!

НАЈНОВО

Билетите за „Одисеја“ на Нолан распродадени една година пред премиерата

August 1, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Потврдена првостепената пресуда за Додик, една година затвор поради неизвршување на одлуките на високиот претставник

August 1, 2025

Косово ги укина царините за стоки од САД

August 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград и Загреб најдоа начин и понатаму да продолжат со генерирање омраза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk