Иранскиот народ мора да ги остави настрана своите разлики и да се обедини во услови на континуирани израелски напади, изјави претседателот на Исламската Република, Масуд Пезешкијан, во обраќањето пред парламентот, цитирано од агенциите.
-Ние не ја сакавме оваа војна, ниту пак сме ние тие што ја започнаа. Не бевме ние тие што убија високо рангирани војници и научници, туку тие терористи убија, изјави тој пред Меџлисот. „Ние не сме агресори. Сега ни требаат единство и кохезија повеќе од кога било. Целиот ирански народ мора да се обедини и решително да се спротивстави на оваа криминална и геноцидна агресија.“
Во меѓувреме, Исламската Република погуби човек прогласен за виновен за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс, именувајќи го како Есмаил Факри.
Ова е трета егзекуција во последните неколку недели под обвинение за шпионажа за Израел.