ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот на Видевски бара ослободителна пресуда, тврди дека обвинението не е докажано

June 18, 2025 13:29
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски во случајот за убиствата на Вања и Панче, побара судот да донесе ослободителна пресуда, посочувајќи дека обвинителството не ја докажало вината на неговиот клиент.

-Сметам дека овде имавме целосно неподготвен и непотполн предмет без релевантни докази. Од тие причини, најмногу поради фактот што по Устав и закон нашата држава која денес се вика Република Северна Македонија е правна држава, судот во изреката на оваа пресуда треба да се води од темелните начела на правната наука и да донесе ослободителна пресуда, рече Манев.

Тој потенцираше дека обвинителство и со ниту еден доказ не го докажало учеството на Видевски во кривично правните настани.

-Барам ослободителна пресуда за обвинетиот Боре Видевски бидејќи обвинителството буквално со ништо не го докажа неговото учество во кривично правните настани, најмногу затоа што тој во ниту еден случај не учествувал во вакви монструозни работи, затоа што е човек со морален интегритет и затоа што нема никаква врска со овие убиства, туку сам по себе е жртва на овој систем, на оваа буквална монтировка, на која ќе ѝ дојде крајот со изрекувањето на пресудата, дополни адвокатот.

Според него, правецот по кој што е водена истрагата за овие кривично правни настани е целосно погрешен.

-Погрешна е и намерата да се осудат овие луѓе уште на самиот старт на процесот, со примена на мерки кои не се карактеристични за овој политички систем — мерки кои не можат во ниту еден случај да ја утврдат вистината за случувањата, рече Манев.

Тој ја нагласи единствената поврзаност на Видевски со останатите обвинет, а тоа, како што кажа, е заедничкото членство во политичката партија ДЕСНА и неговата политичка активност преку таа политичка партија. Во својот говор, Манев го опиша Видевски како „татко на две деца, бил тренер по карате и многу деца изнел на вистинскиот пат“. Манев ја нападна и валидноста на признанијата, за кои рече дека се изнудени.

-Сите признанија се изнудени, на идентични текстови на записниците, што значи дека записниците се однапред подготвени. Зошто е ова направено? Само затоа што во тој момент полицијата и обвинителството сѐ уште немаат ништо, рече тој, дополнувајќи дека од моментот кога признанието е изнудено, полицијата продолжува со тортурата која трае физички.
Забележа на тоа што обвинителството не го пријавило доказот за присуство на работа на обвинетиот Видевски во критичните моменти и направи детална анализа на обвинението и доказната постапка, според која, како што рече, не постојат докази кои го потврдуваат учеството на Видевски во настаните , а исказите на останатите обвинети рече дека не можат да бидат третирани како докази поради нивната конфузност.

Според Манев, пак, обвинувањето против Александар Ѓорчевски е целосно неосновано и несериозно, при што неговото поврзување со случајот се смета за најнеприфатлива грешка направена од страна на полицијата и поддржана од обвинителството. Се истакнува дека и без правно образование е очигледно оти тој нема никаква поврзаност со делото, освен што трагедијата несреќно го вклучила во контекстот.

Претходно, адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела.

Завршен збор треба да даде и одбраната на останатите обвинети.

На изминатото рочиште Основното јавно обвинителство во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека, за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Во обвинението стои дека Палевски,  Видевски, Манев, Кешишов и Ѓорчевски заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk