ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

June 18, 2025 13:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.

Бјере денеска на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани на прашањето што конкретно би сторила Данска, како иден претседавач на Унијата, во однос на ингегрирањето на Македонија во ЕУ, имајќи го предвид спорот со Бугарија, но и иницијативата од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за средба на македонски и бугарски високи претставници на маргините на Самитот во Хаг, која се уште не е извесна посочи дека моментумот за проширување е тука и оти земјата треба да го зграпчи.

-Моментумот за проширување апсолутно е тука и веќе сме негови сведоци, направен е прогрес и за Украина и за Молдавија, и сега со Албанија отвораме два нови кластера, еден сега, еден на есен, исто така имаме напредок и кај Црна Гора, кој не се случуваше долго време. Искрено да кажем дека моментумот е тука и ве молам да го зграпчите. И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка, додавајќи дека е видливо дека земјава има остварено голем напредок на патот до ЕУ.

null

Таа во своето обраќање на заедничката прес-конференција истакна дека причината за нејзината посета е престојното претседавање со ЕУ, кое го презема Данска и оти со Муртезани разговарале за актуелните политички прашања.

Данската министерка истакна дека со оглед на актуелните геополитички случувања, руската агресија врз Украина, но и, како што посочи, новите ветришта, кои дуваат од САД, Европа треба да биде силен геополитички актер, а за да се одбрани себе си во овие новонастаните околности, клучен е процесот на проширување.

-Затоа што зборуваме за една поголема Европа, која во исто време ќе биде посилна Европа. Затоа ние се стремиме да го задржиме овој процес на проширување и знаеме дека Северна Македонија е земја-кандидат речиси 20 години, така што сега е времето да го фатите овој чекор повторно. Свесни сме дека имаше еден замор од проширувањето, но тој се појави и во вашата и во нашата земја и затоа сакаме повторно да работиме на проширувањето, да работиме и со Украина и со Молдавија, но и со земјите од Западен Балкан. Сметам дека сето ова ќе донесе просперитет за овие земји, полза и за нив и за вашата земја, но и за Европа, истакна Бјере.

Таа посочи дека Европа ќе биде посилна доколку е заедно со земјава, но и со другите држави од регионот и додаде дека има еден нов напредок во процесот на проширување и затоа е тука во Скопје за да и даде поддршка на државата.

-Секако тој напредок треба да биде заснован на спроведени реформи, на сите оние барања кои треба да ги испорачате и ние сме тука за да ви помогнеме и се надеваме дека во текот на нашето претседателство ќе можеме заеднички да работиме да го постигнеме ова затоа што сакаме да го поплочиме патот на Северна Македонија до ЕУ, истакна Бјере

Tags: бјереЕУ
Next Post
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Трагедијата во Кочани: Ноќта што гo промени градот и младите засекогаш

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk