Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека сите се стремат кон целта да има преговори што ќе овозможат Иран да не биде нуклеарна сила.
„Се движиме кон ескалација. Знаеме дека денес постои закана и мора да работиме на тоа да ја отстраниме“, рече Мелони во обраќањето пред новинарите на крајот од Самитот на Г7 во Канада, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Според неа, сите се убедени дека тоа мора да се реши преку преговори, но иако беше направен обид, за жал не донесе какви било резултати.