ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мургашанска: Максим Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

June 19, 2025 14:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Откако му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откако јавно проговоривме за сите сомнежите за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово, сака да не замолчи, изјави на прес конференција на СДСМ, Анита Мургашанска – советничка во Советот на град Скопје.

„Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара Максим Димитриевски поднел тужба, дека бил навреден и наклеветен.

Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на општина Куманово.

Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја заташка, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи секој што му се спротивставува и јавно му ги обелоденува.

А што најмногу го здоболело Димитриевски, кој дел од вистината? Цитирам:

-„Како се купува стан од 90 метри квадарни за 2.000 евра, како се прави размена со кумот“

-„Срамота е човек кој е фатен со полна кола пари со поткуп“

-„Не може да ја напаѓа претходната Влада, таа влада му ја раздолжи општиниата, токму таа влада на која и се заблагодаруваше“

Еве нека види народот, ова се дел од цитатите, има секако и други, кои Димитриевски ги навел во тужбата.

Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи.

Благодарна сум за поддршката од СДСМ.  Нашиот став е став на граѓаните, нешата борба е борба за вистината, за правдата и транспарентноста и одговорноста.

Јавно порачуваме – нема повлекување! Ќе продолжиме да зборуваме гласно и јас и СДСМ.

Ќе продолжиме да ја разобличуваме секоја негова злоупотреба и ќе бараме институционална реакција од надлежните.

Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски.

Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор.

Како тоа Димитриевски добил стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово за само 2.500 евра?

Куманово заслужува чесна и одговорна власт.

Одговорност ќе има, кога тогаш. Правдата ќе стигне и во Куманово“, истакна Мургашанска.

 

Next Post

Конфликтот на Израел со Иран не ја заврши војната во Газа

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Совети за очниот притисок и негово регулирање

August 8, 2025

Лондон го повикува Израел да го преиспита планот за заземање на градот Газа

August 8, 2025

Србија повторно не се придржи кон мерките на ЕУ против Иран поради воената поддршка за руската агресија против Украина

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk