Дефанзивецот на Реал, Трент Александер-Арнолд ги сподели своите впечатоци од дебито за тимот од Мадрид на натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство на ФИФА.
– Дебитирав во Реал Мадрид, нешто за што секој фудбалер сонува. Од една страна, постои разочарување што не можевме да победиме, бидејќи менталитетот на играчите на Реал Мадрид е да победуваат на секој натпревар. Во исто време, видов позитивни моменти, особено во второто полувреме. Беше уникатно искуство. Ја почувствував поддршката на клубот од моментот кога го потпишав договорот Поддршката на социјалните мрежи е исто така импресивна, изјави Александар-Арнолд за „ТНТ Спортс“ фудбалерот.
На крајот на мај, мадридскиот клуб го објави трансферот на 26-годишниот Англичанец од Ливерпул како слободен играч.
Договорот со Трент со реал е до 30 јуни 2031 година.