ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Ларс Ренмарк: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

June 19, 2025 11:17
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ланс Ренмарк беше дел од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите и за граѓаните по трагедијата во клубот „Пулс“. Како научник и доктор во областа на социјалната заштита, тој пренесе дел од сопствените искуства за начинот на закрепнување по траумата што го погоди Кочани, регионот и државата.

Учествувал во повеќе практични проекти во рамки на Центарот за поддршка по трагичниот пожар што кон крајот на октомври 1998 година се случил во дискотека во Гетеборг, а коавтор е на книгата „Како редење сложувалка“ во која се преиспитуваат настаните што следеле потоа.

Во интервју за МИА, Ренмарк зборува за впечатоците од разговорите со луѓето во Кочани и за потребата од менување на недостатоците во системот, за да се спречат слични трагедии.

Можете ли да ни кажете за сличностите и разликите за настанот во Гетеборг и овој во Кочани, што ги поврзува двата случаја?

– Сличностите се навистина ужасни и тоа е една од причините зошто нѐ замолија да дојдеме овде. Главната сличност е во тоа што се работи за катастрофа со млади луѓе. Тоа е катастрофа за време на забава, знаете на што мислам, настан на кој никој не очекувал дека ќе се случи тоа, толку ненадејно. И според бројот на настрадани има многу сличности, тоа е нешто по што се препознаваат двете катастрофи. Иако беше пред речиси 30 години во Гетеборг, сепак, е многу релевантно за споредба, но и за да се согледаат разликите.

Имавте непосредни разговори овде со луѓето чии блиски настрадаа и со повредените?

– Да, бевме на гробиштата овде и не знаевме што да очекуваме. Се случи да не знаеме каде да го ставиме нашето цвеќе, со оглед што имаше повеќе од 20 гроба во еден ред. Ги видовме семејствата и прашавме дали може да го ставиме цвеќето, тие нѐ понудија со сендвичи и така почнавме. Исто така, на затворените сесии што не беа со многумина, имаше браќа и сестри, родители, повредени и други млади, иако не во бројка што е репрезентативна, но, сепак, имаше многу специфични случаи.

Какви се вашите впечатоци од тие разговори со луѓето овде?

– Многу се слични, постојано, но една работа што мислам дека е добра е што разговараат со возрасни, со професионалци, со психолози. Генерално, мислам дека е повеќе страв, како знак на разочарување, дека ова можеби нема да се реши на фер и сигурен начин од страна на властите. Утрово, на евалуацијата, реков дека состојбата на катастрофа или криза е екстремен тест за општеството, сѐ се разоткрива и се покажува во зависност од тоа дали луѓето сакаат да се променат или ќе почнат да се бранат, да се затвораат. Затворањето може да биде на кој било начин, но соочувајќи се со културата овде, за што се обидовме да прочитаме повеќе пред да дојдеме, има една прилично експлицитна порака во секој напис за земјата, а тоа е дека ќе сретнете пријателски настроени луѓе. Генерално и ние го видовме тоа и ако политиката не функционира, потпрете се на вашата култура, затоа што бевме многу добро примени овде. Тоа мене ми дава некаква верба, а можеби и нему како млад човек, му дава некаква верба, но, сепак, се работи за страв.

Дали чувствувате дека ја исполнивте вашата цел, вашата намера да дојдете овде за да им помогнете на луѓето?

-Не. Не дека не постигнавме нешто, но тоа е црна дупка. Го знаеме тоа и затоа решивме дека ќе мора да продолжиме со разговорите. Имаме некаква удобност да кажеме дека не дојдовме овде со вистината, туку дојдовме со искуствата дека е добро да се биде активен, да се прави нешто, сочувствувањето е добро. Не зборувавме за сите наши грешки што ги имавме многу, но не треба да престанете да се обидувате. Се потпираме на некој, за кого велиме дека е експерт. Тоа доаѓа од истиот англиски збор што означува искуство, односно некој што веќе нешто искусил, а ние веќе искусивме. Во таа смисла, ние сме експерти, па се надевам дека би можеле да го охрабриме и вашето општество кое, морам да кажам, дека нѐ изненади што поседува доволно ресурси. Сепак, има некои празнини во системот на социјална заштита што треба да се пополнат, но тие се многу помалку „сиромашни“ отколку што очекував. Имате колеги овде што се многу добро обучени, образовани, би сакал да ги имам во мојот персонал во Гетеборг, треба да го знаете тоа.

Обично се вели дека времето е најдобар лек за болката, дали тоа важи и во овој случај?

– Би рекол за повеќето луѓе – да, но за некои времето е болка, зависи. Понекогаш премногу сме фокусирани на времето. Утрово, во кратко обраќање, реков дека времето е хоризонтален, а кризата и трагедијата се вертикален процес. Ако може да завршам со поговорка што ја слушнав во Јужна Африка, и којашто зборува за времето, вели: Ако сакаш да одиш брзо, оди сам, ако сакаш да одиш далеку, оди заедно со некого.

Tags: КочаниЛарс РенмаркпожарПулс
Next Post

Контролниот пакет акции на Лејкерс продаден за 10 милијарди долари

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk