Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред излезна врата во Валенсија, бидејќи клубот од „Местаља“ донесе нов голман.
Иако се очекуваше Димитриевски да стане прв голман по заминувањето на Мамардашвили, новито тренер на „лилјаците“ се одлучи во клубот да го ангажира Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао и тој да биде прва опција на голот.
Според информациите во шпанските медиуми, Столе Димитриевски не е дел од планови на тренерот за наредната сезона.
Пред да замине во Валенсија, Македонецот беше стандарден на голот на Рајо Ваљекано.
Актуелниот договор на Димитриевски е со важност до летото 2026 година.