Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.
Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот.
Основниот кривичен суд им одреди мерка „куќен притвор“ на двајцата поранешни директори, а Обвинителството незадоволно од одлуката најави жалба пред Апелациониот суд.
За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинилетсво поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози.